Официјално: Рома го откупи договорот на Бразилецот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челниците на Рома официјално потврдија дека Емерсон ќе остане во редовите на римската екипа бидејќи го откупија неговиот договор од Сантос.

Емерсон во Рома стигна во минатата сезона на позајмица од бразилски Сантос, но во почетокот не пружеше партии што од него се очекуваа.

Сепак, во оваа сезона Бразилецот заигра многу подобро, и одигра неколку одлични партии.

Челниците на Рома се одлучија за Емерсон да остане член на Волчицата бидејќи го откупија неговиот договор од Сантос.

Рома за услугите на овој лево крилен играч на бразилската екипа плати околу два милиони евра.

Овој 22-годишен фудбалер почна 16 натпревари во Серија А, и потигна една асистенција.

Истотака, во победата на Рома против Виљареал (4:0) во првиот меч од осмина финалето на ЕЛ постигна фантастичен гол за водство на Волчицата.