Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Холандскиот фудбалер Кевин Стротман минатиот викенд постигна гол во победата на Рома над градскиот ривал Лацио (2:0).
Сепак, Стротман за време на прославата се најде во центарот на вниманието бидејќи му истури вода на Данило Каталди. Играчот на Лацио бурно реагираше поради што заработи црвен картон. Судијата не го виде потегот на Холанѓанецот кој помина само со жолт картон.
Меѓутоа, два дена подоцна, Дисцплинската комисија на Италија објави дека Стротман ќе биде суспендиран на два натрпевари поради неговиот потег. Но, Рома веднаш испрати жалба и денеска тоа им беше дискутирано.
Римскиот клуб на својот официјален Твитер профил денеска објави дека суспензијата на Стротман е укината и дека тој ќе може да настапи на следните натрепвари. Холандскиот фудбалер требаше да ги пропушти натпреварите против Милан и Јувентус, но тоа нема да се случи.