Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес се одиграа последните два натпревари од последното 18-то коло во македонската прва ракометна лига.
Охрид на гости го победи Радовиш со 25:33.
После првото полувреме охриѓани имаше водство од шест погодоци, 11:17. Во второто полувреме гостите ја задржаа предноста и победија со 25:33.
Марко Кобетиќ го предводеше Охрид со 7 погодоци. Кај Радовиш најмногу се истакна Игор Милосављевиќ со 10 погодоци.
Охрид на лидерската позиција ја заврши сезоната, а Радовиш на петата позиција.
Прилеп и Металург 2 ремизираа, 36:36.
На полувреме се замина со 17:17. Двата клуба на крајот постигнаа по 36 погодоци и ги поделија бодовите, 36:36.
Прилепчани ја завршија сезоната на седмата позиција, а вториот тим на Металург на осмата.