До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Младиот Алекс Ивоби има светла иднина во дресот на Арсенал, верува неговиот соиграч Месут Озил.
Ивоби, кој инаку е роднина на легендарниот Џеј Џеј Окоча, на најдобар начин ја искористи шансата која му ја укажа Арсен Венгер и стана еден од важните играчи во екипата на Топџиите.
„Ме потсетува на неговиот роднина, Окоча. Него обожавав да го гледам. Алекс е мешавина на Окоча и Давидс.
Многу е силен со топка, одличен во дефанзива, но истотака добар и пред голот. Точо знае што може да направи.
Не се плаши не се кре на теренот.Сака да ужива во фудбалот, и тоа го покажува на тренинзите и мечевите“, рече Озил за „ Arsenal Player“.
Ивоби во оваа сезона забележа три асистенции на лигашките мечеви.















