Паволети е играч на Наполи, но зошто нема потпис?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се е договорено, се чека само официјална потврда и фотографирање под Везув. Леонардо Паволети треба со првиот ден од Новата година конечно да се пресели од Џенова во Наполи во трансфер вреден 18 милиони евра (15 милиони+ 3 милиони) па да се заврши со таа сага.

Играчот ја договори соработката до 2021 година, а ќе прима 1.9 милиони евра по сезона.

Не беа тоа лесни преговори, поготово што Џенова долго пружеше отпор, но хрватскиот тренер Иван Јуриќ порача дека е свесен дека наскоро ќе остане без искусниот напаѓач.

„Паволети веќе се одлучи да замине, доколку истрае во намерата му сакаме секое добро и се надеваме дека ќе најдеме адекватна замена за него. Но само ако процениме дека замена ни е потребна бидејќи Џовани Симеоне покажа дека е играч за Џенова и дека напредува секој ден“, истакна Јуриќ.

Тоа што го кочи трансферот на Паволети е моменталната повреда на мускулот, поради што не игра во Џенова, па италијанските медиуми пишуваат поради тој факт се двоуми околку лекарските прегледи.

Навистина, има и мал проблем со парите бидејќи Наполи бара пари со цел да ја исплати оштетата за напаѓачот.

Пари веројатно ќе стигнат од продажбата на Маноло Габијадини во Евертон.

Италијанските медиуми пишуваат во ова попладне јавуваат дека договор е на повидок и дека привремениот италијански репрезентативец се преселува на Гудисон Парк.

Во летото долго се преговараше за трансфер на Островот на крајот изјалови, но овој пат изгледа дека Англија е судена за одличниот крилен фудбалер на Наполитанците.