Падна Хофенхајм на колена пред Лудогорец, победа на Брага!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лудогорец е дефинитивно изненадувањето на вечерта. Поразен е Хофенхајм во Софија со 2:1 и тоа во еден навистина феноменален и драматичен фудбалски натпревар.

Хофенхајм брзо и лесно поведоа во 2рата минута со гол на Кадерабек и некако како да се опуштија кога со овој резултат заминаа на пауза.

Бугарите тоа позитивно го искористија и Дјаков во 46тата стрелаше за изедначување, а Лукоки во 73тата за пресврт и прва победа на Лудогорец.

Брага вечерва на домашен терен го пречека Истанбул Башакешир. Хасан ги доведе во водство португалците во 26та минута, а Белозоглу го донесе изедначувањето, сепак не го задржаа резултатот и во самиот финиш на натпреварот Франсержио и донесе победа на Брага.