Паника во Арсенал: Доколку Санчез и Озил не продолжат, стигнуваат овие двајца мајстори


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Менаџерот на Арсенал Арсен Венгер пронајде замена за клучните фудбалери Алексис Санчез и Месут Озил, доколку одбијат да го продолжат договорот.

Така на мета на Французинот се Димитри Паје од Вест Хем и Марко Ројс од Борусија.

Германскиот репрезентативец е означен како примарна мета на Арсенал во случај на заминување на барем еден од споменатиот тандем, пишува „Телеграф“.

Најдобриот фудбалер на Милионерите од Дортмунд има договор до 2019 година, но на 27 години целосно созреа да се проба во Премиерлигата, а Арсенал се чини како идеална средина за него поради карактеристиките.

Ништо помалку нереална мета е и играчот за врска на Чеканите, кој дури изјави дека би му било забавно да премине во редовите на градскиот ривал, пред се поради стилот на игра на Топџиите.

Санчез и Озил имаат договори со Арсенал до 2018 година, моментално се во преговори за нови, но договор сеуште не е ни блиску.