До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Партизан славеше со 1:0 во рамките на деветтото коло на Суперлигата во Србија.
Звезда е убедливо прва, но беше јасно дека Партизан во Хумска ќе направи се да ги комплицира работите на градскиот ривал. Дербито не ги исполни очекувањата. На трибините вриеше, но Партизан дури во финишот успеа да дојде до погодок.
Голот на одлука го постигна Леонардо во 89 минута после одлична акција на домаќините, а во 10 минута се случи интересна ситуација. Ристиќ го собори Јевтовиќ на самата линија на шеснаесетникот, а судијата Мажиќ досуди слободен удар, а не пенало. На крајот, сепак, победан црно-белите која по она што е видено па и заслужена победа. Ова е воедно и 45 победа на Партизан во вечното дерби.














