Паје на чекор до Јунајтед, Билиќ веќе пронајде замена


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вест Хем беше едно од најпријатните изненадувања минатата сезона, а оваа не се ниту приближно од она што беа минатата сезона. Екипата на Славен Билиќ е многу блиску до испаѓање од Премиер лигата, иако најавија големи нешта.

Преселбата на новиот стадион не им донесе ништо добро, а покрај тоа британските медиуми тврдат дека главниот играч на екипата, Димитри Паје е многу блиску до трансфер во Манчестер Јунајтед.

Тоа ќе значи и дека хрватскиот стратег на клупата на лондонскиот тим ќе мора што побрзо да пронајде соодветна замена, а според некои информации, ја пронашол во Париз.

Имено, станува збор за Хесе, фудбалерот кој како големо засилување од Реал пристигна на „Паркот на принцовите“, но не ги исполни очекувањата.

Прашањето е дали овој играч ќе може да му помогне на Вест Хем за да ја избегне борбата за опстанок.