До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Интер е спремен за ново инвестирање.
Пишувавме порано денес, Интер е спремен за распродажба во јануари, петмина играчи ќе бидат на трансфер листа, а сега се појави информација за желбите на челниците на клубот.
Богатите кинески инвеститори сакаат да направат екипа која може повторно да биде конкурентна во Европа, а прва желби се Марко Верати и Хамес Родригез.
Сопственикот на Сунинг Групата која е сопственик на Интер, во понеделник ќе го испрати својот син на состанок во Милано, каде што ќе ги договара наредните засилувања на Џузепе Меаца.
Тутоспорт и Кориере дело Спорт пишуваат дека Интер ќе потроши околу 150 милиони евра за Марко Верати, Родригез и дефанзивецот на Бенфика Виктор Линделоф.
Ова нема да биде ниту малку лесна задача за италијанскиот клуб, поради тоа што е познато дека за него сериозно е заинтересиран Јувентус, а агентот на играчот неодамна откри дека играчот за врска со драга воља ќе премине во редовите на шампионот на Серија А.
Што се однесува до Родригез, тој е реална опција иако се наоѓа на мета на бројни клубови, додека за Линделоф сериозно загриза Манчестер Јунајтед.
Сепак, доколку Интер понуди доволно пари и да убеди играчот во својот нов проект, кој знае што ќе донесе наредното лето.















