Пеколен план на Јуве – Во Торино пристигнува уште еден „Крал“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ова лето се шушкаше, а шпекулациите продолжуваат, Јувентус спрема напад на Марсело.

Уште од моментот кога стана јасно дека Роналдо ќе стане дел од Јуве, почнаа шпекулациите дека неговиот пат ќе го следи и сега веќе негов поранешен соиграч Марсело.

Овие двајца фудбалери се големи пријатели, а во јавноста често пати Марсело изјавуваше дека му недостига Роналдо во соблекувалната на „Кралскиот клуб“.

Се зборуваше дека и тој лично побарал трансфер, но дека клубот тоа не го дозволил.

Директорот на „Бјанконерите“ Бепе Марота смисли план по кој ќе тргне по Бразилецот во наредното лето, кога овој ќе има 31 година, бидејќи Перез секгаш сака да ја има „најсвежата роба на пазарот“.

Италијанците сметаат дека 50 милиони евра ќе бидат доволни, а ни платата од 11 милиони евра не би требало да биде проблем за Јуве.

Останува да видиме што ќе се случува наредното лето.