Пелегрини ги изненади сите: Откри кој според него е најдобар голман во светот


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Поранешниот менаџер на Манчестер Сити, Мануел Пелегрини тврди дека голманот на Граѓаните, Клаудио Браво е најдобар во светот.

Чилеанецот ова лето пристигна во Сити од Барселона, а неговиот сонародник Пелегрни го напушти клубот поради доаѓањето на Пеп Гвардиола.

Пелегрини ги следи натпреварите на Сити, а Браво за него е најдобар голман во светот.

„Браво го замени Харт, направи голем чекор во кариерата и тој во моментов е најдобар голман во светот. Знам дека има проблем со англиските новинари, но тие се во кавга со целиот свет“, изјави Пелегрини.

Искусниот 63-годишен стратег во моентов е на клупата на кинески клуб.