Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Пелистер ја победи Шкендија после пенали во финалето во купот на Македонија стадионот Младост во Струмица.
Во првото полувреме не беа затресени мрежите. Имаше десет минутен прекин во вториот дел поради навивачите на двата клуба.
После прекинот Захов одбрани зицер, а шутираше Илијоски. После 90 минути игра резултатот беше 0:0 и победникот мораше да биде одлучен по продолжение.
Напаѓачот на Пелистер, Илијоски во првото продолжение пропушти огромна шанса за погодок. Хасани во второто продолжение шутираше непрецизно. Ниту после продолжението немаше промена на резултатот, па победникот се решаваше на пенали.
Алими ја отвори пенал серијата и погоди, 1:0. Петров кај Пелистер беше прв изведувач на пеналите и го израмни резултатот, 1:1. Ибраими шутираше високо над голот, а Тодоровски донесе водство на Пелистер, 1:2. Радески беше сигурен и го израмни резултатот, 2:2. Фереира шутираше непрецизно, а резултатот остана 2:2. Петровски го одбрани ударот на Абдурахими, а Ковачев со реализиран пенал го врати водството на зелено-белите, 2:3. Хасани го израмни резултатот, 3:3. Баже Илијоски шутираше сигурно и донесе титула за Пелистер.
Ова е втора титула за Пелистер во купот на Македонија.