Пепе по 10 години го менува клубот?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По цела деценија помината во Реал Мадрид, португалскиот фудбалер Пепе е на работ на напуштање на Реал Мадрид.

На искусниот дефанзивец на крајот на сезоната му истекува договорот со кралскиот клуб, а помеѓу двете страни најверојатно нема да дојде до нова соработка, бидејќи Пепе веќе има понуда која едноставно не може да ја одбие.

Шпанскиот весник „АS“ тврди дека за услугите на Пепе се заинтересирани неколку клубови од Кина, но и еден неименуван англиски клуб во кој, како што се пишува, најверојатно ќе ја продолжи својата кариера.

Со својот квалитет и искуство Пепе може да игра во речиси било кој англиски клуб, но за името на новата дестинација ќе биде потребно да се почека до јануари. Тогаш ќе има право да потпише преддоговор со било кој клуб.

Потсетуваме, Пепе за Реал Мадрид настапува од 2007. година кога пристигна од Порто.