Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Оваа година најверојатно ќе биде последна за Пепе Реина во Наполи, откако голманот и раководството не се договорија за нов договор.
Искусниот шпански голман, ја одработува својата последна година од договорот со тимот од Неапол, но како што стојат работите тој нема да го продолжи договорот и ќе замине на крајот од сезоната.
Итаијанските медиуми пренесуваат дека играчот и клубот не се договориле околу годишната плата на играчот. Пепе Реина барал 2.5 милиони по сезона, но за такво нешто претседателот, Де Лаурентис не сакал ни да слушне.
Како што стојат работите, Реина ќе ја одработи својата последна година од договорот и наредното лето ќе стане слободен играч.