Пеп Гвардиола: Тие двајца без сомнение се најдобри бекови во Премиер лигата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англиското дуо е во одлична форма во дресот на Спарсите во оваа сезона, кои загубија само два пати во 22 одиграни лигашки натпревари, а Гвардиола смета дека тие двајца се најдобри во својата работа.

„Тие двајца се најдобри бекови во лигата“, рече шпанскиот стручнак после што Тотенхем се врати со заостанување од 2:0 против Граѓаните во саботата, и изборија реми.

„Англичаните треба да бидат среќни бидејќи ги имаат тие двајца, тие се врвни играчи. Често размислувам за нивните игри и за тоа што се способно да направат“.

Благодарение на грешките на голманот Уго Лорис, головите на Сити ги постигнаа Лерој Сане и Кевин Де Брујн.

Меѓутоа, во продолжението Деле Али намали на 2:1, додека Сон Хеунг Мин го комплетираше враќањето со гол во 77 минута.

Вокер и Роуз заедно креираа 56 шанси во оваа сезона, просечно две по натпревар. Нивната поддршка на крилните позиции стана клучна во системот на играта на Тотенхем.

Со освоениот бод на Итихад, Спарси сега се на заостанување од девет бодови зад водечкиот Челси, кој славеше против Хал на Стенфорд Бриџ.

Манчестер Сити на Гвардиола е во резултатска криза, и падна на петтото место, а сонот за освојување на лигата е сосема готов, бидејќи Граѓаните заостанува  дури 12 бодови од лидерот Челси.