„Пеп ми рече дека треба да играм во Барселона“


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Францускиот фудбалер Самир Насри откри некои детали за својот однос со Пеп Гвардиола.

    Насри гостувајќи во една телевизиска емисија истакна дека новиот менаџер на Манчестер Сити Пеп Гвардиола сакаше да остане во клубот, но дека сепак се одлучи да замине.

    Истотака, му упати интересни зборови.

    „Гвардиола ми рече дека со овој квалитет не би требало да играм во Манчестер Сити, веќе во Барселона. Сакаше да останам, но го одбив, бидејќи немав гарантирано место во тимот. Сакав да играм“, рече Насри.

    Французинот член на Граѓаните стана во 2011 година, а за клубот одигра 171 меч, и постигна 27 погодоци.