Перо Антиќ со Фенербахче европски шампиони!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарите на Фенербахче се нови шампиони во Европа.

Турскиот гигант вечерва во Инстанбул во големото финале го победи во Инстанбул во големото финале го победи грчки Олимпијакос со резултат 80:64 и така дојде до првиот трофеј победник во Евролигата.

Фенер одлично го отвори мечот. Никола Калиниќ посебно доминираше на отворањето на натпреварот и на средината на првата четвртина репрезентативецот на Србија постигна девет од 16 поени на Фенер за водство од 16:8,

Добро тимот на Желко Обрадовиќ го служеше шутот за три поени во првата четвртина.

Калиниќ посено решетеше во првиот дел од натпреварот, а со поените на Богдан Богдановиќ во последните моменти од првата четвртина, Фенербахче после десет минути игра имаше осум поени предност, 26:18.

Отворањето на вториот период припадна на грчкиот гигант. Дојдоа на минут четири (29:25), но пропуштија два напади за повторно да се вратат во егал.

Казни Богдан Богдановиќ. Со серија поени одличниот шутер ја подигна предноста на својот тим прв пат на плус 10, 35:25 и изгледаше како мечот оди на една страна.

Меѓутоа, тимот од Пиреј не се откажа така лесно. Кем Бирч со поедни во финишот на првото полувреме се врати во натпреварот, а на одмор Фенербахче отиде со само пет поени предност, 39:34.

Проблем за истанбулскиот тим претставуаа и трите прекршоци на Богдановиќ со кои влезе во второто полувреме.

Обрадовиќ мораше да го чува за завршницата, но и покрај фактот дека играа поголем дел од третиот период без Богдановиќ, Фенер успеа дополнително да ја зголеми предноста во овој дел од мечот.

Се разбуди Гиги Датоме, проработи одбраната на Фенер, па на минута до крајот на третиот период домашниот тим отиде на 14 поени предност, 60:46.

Грчиот тим во последната минута успеа да го намали заостанувањето на минус 12 (60-48) но екипата на Екпе Одох со две страшни блокади оневозможи да се приближат и Фенер со големи 12 разлика влезе во последната четвртина.

Турскиот тим не дозволи враќање на Олимпијакос во овој меч.

Веќе на отворањето на псоелдната четвртина целосно го скрши ривалот, а со тројката на нашиот интернационалец Перо Антиќ стигнаа на големи плус 18, 68:50.

До крајот грчкиот тим не успеа да дојде големо чудо.

Фенер мирно го приведе мечот до крај и се закити со првата титула шампион во Европа во клупската историја.

За нивниот тренер Желко Обрадовиќ ова е деветта титула победник во Евролигата во кариерата.

Најефикасен во победничкиот тим беа Никола Калиниќ и Богдан Богдановиќ со 17 поени, додека Кем Бирч на другата страна уфрли 14.