Петарда и гол шоу на Обамејанг во Хамбург, Хофенхајм го запре Баерн и освои бод на Алијанц Арена


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Уште пет натпревари се одиграа од десетото коло во Бундеслигата.

    Фудбалерите на Баер Минхен на Алијанц Арена ремизираа против Хофенхајм, 1:1. Демирбеј му донесе водство на Хофенхајм после петнаесет минути игра. Во 34-та минута Зубер постигна автогол и го израмни резултатот. Промена на резултатот до крајот на натпреварот немаше, а Хофенхајм си замина задоволен со бод од Алијанц Арена.

    Се разбудија волците и конечно победија. Волфсбург го совлада 0:3 Фрајбург на гости. Два погодоци постигна напаѓачот Марио Гомез, а од пенал конечните 0:3 ги постави Рикардо Родригез.

    Во Хамбург беа видени седум погодоци, петарда и гол шоу на Пјер Емерик Обамејанг. До 27-ма минута габонскиот напаѓач постигна хет-трик. На стартот на вториот дел го постигна четвртиот негов погодок. За петиот погодок на Дортмунд, Обамејанг асистираше, а Дембеле се запиша во листата на стрелци. Борусија Дортмунд славеше со 2:5 против Хамбургер.

    Баер Леверкузен славеше со 3:2 на Бајарена против Дармштадт. Чалханоглу погоди во првото полувреме за водство на Леверкузен. Само минута по влегувањето на теренот, Чолак го израмни резултатот. Брандт и Арангуиз со своите погодоци ја осигураа победата на Леверкузен. Резервата Вранчиќ пет минути пред крајот на натпреварот ги постави конечните 3:2.

    Бобадила кој влезе од клупата за резерви од слободен удар погоди за водство на Аугсбург против Инголштадт, 0:1. Халил Алтинтоп во 91-ва минута ги постави конечните 0:2.