Пети пораз во низа за МЗТ во Еврокупот – Лиеткабелис втор пат го победи македонскиот шампион


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Кошаркарите на МЗТ Скопје во натпревар од петото коло од Еврокупот во салата Јане Сандански беа поразени од литвански Лиеткабелис со 80:87.

    Гостите првата четвртина ја добија со еден поен предност, 20:21. Со една долга серија кошаркарите на Лиеткабелис на стартот на втората четвртина стигнаа до 13 поени предност, 20:33. Тоа водство подоцна се зголеми на 16, 28:44. МЗТ на полувреме замина со негатива од 14 поени, 32:46. Повторно гостите отворија фантастично на стартот и стигнаа до најголемото водство на натпреварот, 24 поени, 32:56. До крајот на третата четвртина кошаркарите на МЗТ го намалија водството на литванскиот клуб на 13 поени, 49:62. Во последната четвртина МЗТ пополека ја намалуваше големата негатива, а најмногу што направија беше четири поени, 80:84. Лиеткабелис по втор пат го совлада МЗТ Скопје и му нанесе петиот пораз во пет натпревари, 80:87.

    Леонавичиус го предводеше литванскиот клуб до победа со 19 поени на денешниот натпревар. Лукаускис додаде 16 поени. Стефан Синовец и Даниел Кларк беа најефикасни во тимот на МЗТ со по 20 поени. Хавиер Темс додаде 16, а двоцифрени натпреварот го завршија и Џош Скот(12) и Сулејман Диабате(10).

    МЗТ во следното коло игра во Хрватска против Цедевита.