Петровиќ: “Играч како Дончиќ се раѓа еднаш во декада”


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


 

По натпреварот меѓу Хрватска и Словенија каде Дончиќ го покажа својот раскошен талент, пофалби стигнаа дури и од хрватскиот селектор Александар Петровиќ, инаку брат на покојниот кошаркарски великан Дражен Петровиќ.

 

Иако Хрватска го доби натпреварот со 18 поени разлика сепак шоуто го украде 18-годишниот Лука Дончиќ, кој уште еднаш покажа дека вакви кошаркарски бисери се многу ретки.

“Неверојатно е да се види некој што игра со таква леснотија. Гледајќи што може Лука да направи на теренот, мислам дека веќе долго време немало некој што е толку комплетен играч на европските терени. Тој е една цела класа над сите играчи кои излегоа од европските клубови во последните десетина, петнаесет години.” – изјави хрватскиот селектор Александар Петровиќ.

 

Лука Дончиќ е моментално член на шпанскиот шампион Реал Мадрид а се очекува да се пријави на НБА драфтот во 2018 година.