Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дефанзивецот на Барселона Жерар Пике се наоѓа пред суспензија.
Шпанскиот сојуз против него потрена истрага поради коментирање на судењето на мечот од Купот на Кралот против Атлетик Билбао.
Барселона е поразена во Баскија со 2:1, а Пике после мечот го нападна судијата Фернандез Борбалан, сметајќи дека не досуди два чисти пенали за неговиот тим.
„Не ни досуди два чисти пенали, на Нејмар и на мене. Но, сите знаеме како тоа оди… Видовме што се случуваше на мечот Реал и Севиља, а не е ова ни прв, ни последен пат. Сакаме да играме фудбал, не рулет“, рече Пике.
Токму овие надови може да го чинат Пике суспензија.
Шпанскиот сојуз поткрена постапка против него поради коментирање на судењето и одлуката наскоро може да биде донесена. Да се потсетиме уште еднаш од најважните детали од мечот од Купот на Кралот меѓу Атлетик и Барселона.