Пинтуро славеше во Аделбоден, Хиршер втор


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот скијач, Алексис Пинтуро е победник на трката во велеслалом во Аделбоден.

Французинот скијаше фантастично во првиот дел која на крајот му донесе победа пред австриецот Марсел Хиршер.

Пинтуро ја сочува големата предност која ја имаше од првиот дел и за четири десетинки славеше пред Хиршер кој беше фантастичен во вториот дел, но на крајот остана без победа.

На третото место заврши уште еден австриец, Филип Шоерхофер.

Во вкупниот пласман во велеслалом Хиршер води со 433 бода, а Пинтуро со денешната победа стигна до второто место со 389 бода.

Хиршер со 833 бода е лидер во вкупниот пласман во светскиот куп пред Пинтуро(565) и норвежанецот Хенрик Кристоферсен(492).