Плановите на Мурињо ги расипува поранешниот клуб


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Плановите на Мурињо можат да ги расипат токму неговиот поранешен клуб.

Веќе порано пишувавме дека желбата на Мурињо е да во 2017 година го доведе Антоан Гризман, но новиот шеф на Манчестер Јунајтед ќе има неколку ривали за потпис на францускиот мајстор.

Првенствено, Челси сака да го ангажира напаѓачот на Атлетико Мадрид, денеска објави Дејли Телеграф.

Иако Јунајтед го следи Гризман и се обидува да се осигура за јануари или летото наредна година, Антонио Конте од управата побара да го донесат играчот кој играше одлично на Европското првенство.

Откупната клалузула на Гризман чини 84 милиони фунти(100 милиони евра), но се претпоставува дека Челси и Јунајтед се спремни да ја платат, но има уште време до наредниот трансфер период, а сигурно и дека уште некои од европските великани ќе се вмеша во трката за Гризман.