Планот на Наполи за јануари и лето: Напаѓач и стопер за 30 милиони, а тогаш – новиот Ибра, новиот Де Брујн, новиот Самуел…


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Аурелио де Лаурентис доведува замена за Аркадиуш Милик и човек кој треба дополнително да го засили бедемот пред голот на Пепе Реина.

    Плановите за блиска и плановите за понатамошна иднина. На овие два проекти во забрзано темпо работат првиот оперативец на Наполи Аурелио де Лаурентис и неговата десна рака Кристијано Џунтоли во последната недела, со цел екипата да се подготви за некои нови времиња.

    Јануарските планови се јасни веќе сега – на Наполи под итно е потребен еден класичен напаѓач и еден човек кој ќе го засили бедемот пред голот на Пепе Реина.

    А имињата на потенцијалните засилувања веќе се познати. Првото е Леонардо Паволети, кој уште од летото е желба на клубот од Неапол, додека дефанзивната линија може да ја засили Данило Д`Амброзио од Интер.

    „Случајот Паволети“ лично на себе го презеде Де Лаурентис. Тој веќе го контактираше колегата  од фотељата на Џенова Енрико Прециози и му предложи понуда која надминува 22 милиони евра. Тоа е реална сума за Паволети во овој момент и нешто што треба да ги задоволи апетитите на Џенова.

    Меѓутоа, проблем е што Наполи го сака напаѓачот во јануари, додека од Грифони приказната ја пролонгираат за лето. Тоа, сепак, не игра некоја улога во Наполи, на кого им треба напаѓач одма. Сите опции кои сега се достапни, тие бесплатни, не ги задоволуваат апетитите на тренерот Маурисио Сари, затоа и тргна во процес за купување на Паволети.

    Со Д`Амброзио ситуацијата е малку подруга. Тој доби шанса на почетокот на минатата сезона, но тогаш го загуби местото кај Франк Де Бур. Сега Стефано Пиоли го врати во тимот против Кротоне, па и понатака е неизвесно каква судбина го чека.

    Има договор со Интер до јуни 2018 година, а наводно Нероаѕурите за него бараат 8 милиони евра.

    Најмногу од причина што подеднакво добро се снаоѓа на сите позиции во последната линија, па е еден од ретките вистински, домашни универзалци.

    За летните планови се грижи директорот Џунтоли. Неговата задача е да обезбеди квалитетни млади играчи, кои можат да станат иднина на клубот. Значи, проект на долги стази.

    На Џунтоли многу му се допадна момчето за кое зборува цела Европа – Александер Исак. Дечкото кое со своите 17 години веќе привлекува вниманит со головите во дресот на АИК од Солна, а стручнаците му дадоа етикета – новиот Ибра.

    Поради тоа веќе се најде на радарот на Реал, Челси, ПСЖ, Манчестер Јунајтед, Баерн, Јувентус…

    Шведските медиуми објавија вест за иднината на ова момче се грижи познатиот менаџер Владо Лемиќ, чии контакти се исклучително силни токму во Реал и Челси, но и ПСВ, Евертон…

     

    https://www.youtube.com/watch?v=ibjjHz2pp5s

    Една од желбите на квалитетниот спортски директор е и суперталентираниот крилен напаѓач на Генк Леон Бејли.

    Овој 19-годишен вундеркинд од Јамајка од неодамна е скаутиран од страна на скаутите на Челси, Ливерпул и двата клуба од Манчестер, а во минатата сезона е прогласен за најдобар млад играч на белгиската лига.

    Поради одличниот талент кој го поседува, веќе сега го нарекуваат – новиот Де Брујн.

    На двете крилни позиции се чувстува одлично, а наретко и во срцето на нападот.

    Затоа Џунтоли неодамна беше домаќин на таткото на Леон, воедно и менаџер, во Наполи со цел да го запознаат со комплетната инфраструктура која ја поседува клубот, што остави силен впечаток на Бејли сениор.

    Меѓутоа, силниот интерес од Островот може сериозно да ги расипе палновите на Наполи, бидејќи Леон најмногу гледа на преселба на Стенфорд Бриџ, од каде го повикуваат Тибо Куртоа и Еден Азар.

    Иако неговата официјална цена се движи околу 13 милиони евра, Генк нема намера да го пушти за најмалку дупло поголема сума на пари. За тоа клубот и блиндираше на крајот на минатата сезона договор до 2020 година.

     

    Џунтоли во меѓувреме следеше и еден домашен и еден странски играч млад играч. Во случајот ако пропадне зделката со Бејли, тука е секогаш изданокот на школата на Рома, 22-годишниот Амато Чичирети. Сега настапува за Беневенто, член во Серија Б.

    Некоја стара, но значително попристапна варијанта за Наполи. Додуша, не и толку квалитетна како што се Бејли, со брза нога и моќна левица.

    Спортскиот директор на Наполи имаше состанок веќе со Чичирети лично, но и со неговиот агент, а оштетата не треба да изнесува повеќе од 2 милиони евра, бидејќи спаѓа во редот на играчите кој и понатака ветува, односно може да порасне во фудбалер со сосема пристојна кариера.

     

    На крајот, дечко со прекар – новиот Валтер Самуел. Слични со градбата, слични играчки карактеристики, Аргентинецот по националност – Кристијан Ромеро.

    Но, за разлика од Самуел кој знаеше да заигра и по левата страна, по потреба, овој 18-годишен дефанзивец веќе оперира на десната страна и во срцето на одбраната.

    На Скаутите на Наполи влезе во око на прочуениот турнир Вијареџо во оваа година, поради што го пратат многу клубови во Италија.

    Но Наполи веќе воспостави контакти со матичниот клуб на Ромеро, Белграно, и ја изгреба површината.