Плеј-оф – Охрид направи пресврт и го победи Еурофарм Работник, Пелистер во Велес го надигра Борец


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Денес се одиграа два натпревари од првото коло од плеј-офот во првата македонска ракометна лига.

Охрид на домашен паркет со пресврт го победи Еурофарм Работник, 28:23.

После првото полувреме битолчани имаа два погодоци предност, 11:13. Во второто полувреме ракометарите на Охрид направија пресврт и победија со 28:23.

Марко Кобетиќ со 11 погодоци го предводеше Охрид до победа. Голманот на Охрид, Благојче Трајковски имаше голем придонес во победата, успеа да запиша 17 интервенции. Кај Еурофарм Работник најмногу се истакна Серхио Монтеро Де Барос со 6 погодоци.

 

Пелистер славеше во Велес против Борец, 29:33.

Битолскиот клуб на полувреме замина со минимална предност, 16:17. Во вторите 30 минути од натпреварот Пелистер го зголеми водството и победи со 29:33.