Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Маруан Фелаини е виновник за пеналот од кој Евертон дојде до бод против Манчестер Јунајтед овој викенд.
Во самиот финиш Белгијанецот направи пенал, а сите го прогласија за виновен за изгубените бодови на Црвените ѓаволи. Најмногу лут на тоа беше поранешниот член на Манчестер Јунајтед, Рој Кин.
Тој брутално го навреди Фелаини и тоа во само една реченица.
„Швајнштајгер и кога е повреден, е подобар играч од целосно подготвен Фелаини“, изјави Кин.
Швајни оваа сезона одигра само еден натпревар во дресот на Јунајтед и тоа против Вест Хем во Купот.