Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Не само поради бодовното конто.
Беше дефанзивец како што го сакаа, беше алкохоличар добар за сите освен за себе. Тони Адамс се навикна самиот себе да се доведува во ситуации многу многумина ги опишуваа како штетни за здравјето. Не и Адамс кој прифати после отказот на Лукас Алкараз да ја преземе диригентската палка во Гранада.
Изненадувачки во вид дека Гранада е претпоследната на табелата и има седум бода помалку од Легањес кој е над цртата и натпревари против Реал Мадрид, Севиља, Реал Сосиедад…
Ситуација изгледа безизлезна. Првиот тренерски ангажман на Адамс беше во Вукомб, а потоа работеше во Портсмут и Габала.
И потоа Гранада. Можеби и последната шанса да ја воскресне кариерата.
„Наследивме 106 фудбалери од кои само 44 му припаѓаат на Гранада“, изјави Адамс.
Не ја криеше можноста кариерата да ја продолжи во Сегунда. Идејата за следната сезона е да за Гранада да играат шпанци кои се од академијата. Моментално? Дури 18 држави се застапени во првиот тим. И само четири шпанци.