Повторно пораз – Унгарија по втор пат ја совлада Македонија


    Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


    Кошаркарите на Македонија во последниот натпревар од групната фаза за пласман на Евробаскетот беа поразени од репрезентацијата на Унгарија со 63:61.

    Фантастичен старт имаа македонските кошаркари, водство од 10 поени, 3:13. До крајот на првата четвртина унгарските кошаркари го намалија тоа водство на 7 поени, 18:25. Стартот на втората четвртина донесе пресврт и водство на домашните кошаркари од 2 поени, 27:25. Пред полувремето македонските кошаркари успеаа да се вратат во натпреварот и повторно да го преземат водството. На полувреме се замина со 32:37. Следуваше израмнета игра пред последните 10 минути. Во последните 10 минути се влезе со резултат, 46:46. Унгарските кошаркари во последната четвртина стигнаа до водство од 9 поени на 2 минути до крајот на натпреварот, 61:52. Кошаркарите на Македонија успеаа да се вратат во натпреварот и во последната минута да го однесат во неизвесност, 61:60. Конечни 63:61.

    Ференц со 18 поени ја предводеше унгарската репрезентација до победа на денешниот натпревар. Перл додаде 13 поени, а Еилингсфелд 10 поени. Во македонската репрезентација најефикасен беше Костоски со 18 поени. Двоцифрени беа и Јанески кој постигна 14 поени и Војдан Стојановски (10 поени).