Погба: „Ибрахимовиќ за мене е како поголем брат“


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Пол Погба вели дека не чувствува притисок поради големите очекувања кон него од страна на навивачите и новинарите.

    Францускиот репрезентативец е сигурен дека наскоро ќе ја подобри својата форма.

    „Не чувствувам притисок поради високата сума платена за мене. Се радувам што се вратив во мојот поранешен клуб. Тоа е чекор напред за мене. По заминувањето на Алекс Фергусон клубот има големи промени. Се надевам дека ќе научам многу нови работи од Мурињо и Ибрахимовиќ. Златан за мене е како поголем брат, кој знае како да победува“, изјави Погба за весникот „Telefoot“.