Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба призна дека тој се уште учи како да се прилагоди под водство на менаџерот Жозе Мурињо.
Францускиот репрезентативец се врати на „Олд Трафрод“ ова лето за рекордни 105 милиони евра, но во новиот клуб од него е побарано во сегашната поставеност да не ги превзема своите напаѓачките инстикти.
Од Погба е побарано да ја игра позицијата заден везен во формацијата 4-2-3-1, така да, во досегашните осум натпревари за Јунајтед тој постигна само еден гол, против екипата на Лестер.
Погба за репрезентацијата на Франција против Холандија играше понапред и веднаш возврати со победнички гол во Амстердам.
„Се обидувам да се прилагодам. Јас сум играч кој би сакал да играм понапред. Менаџерот ми даде упатства и се обидувам да ги следам. Морам да ја земам топката и да учествувам во одбраната. Ја плаќам цената да играм на друга позиција. Морам да играм, да бидам таму каде што можам да ја земам топката и да играм што повеќе за тимот“, изјави Погба за „Manchester Evening News“.