Погба се правда пред навивачите на Јувентус


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот фудбалер Пол Погба се најде на удар на навивачит на Јувентус поради својата изјава која ја даде во врска со својот некогашен клуб.

Погба за англиските медиуми пред неколку дена изјави дека неговиот претстој во Јувентус бил како на годишен одмор за разлика на неговиот претстој во Манчестер Јунајтед.

Оваа изјава наиде на многу осуда, а директорот на Јувентус, Бепе Марота, изјави дека нема да ги коментира зборовите на Погба веќе дека ќе се насмее на нив.

Сепак, францускиот фудбалер се одлучи повторно да се огласи со цел да ги реши сите дилеми околу спорната изјава.

Погба рече дека Јувентус е најважен клуб во неговата кариера, и дека вечно ќе биде благодарен на шансата која ја доби во редовите на Старата дама.

„Јувентус е најважен клуб во мојата професионална кариера. Ми дадоа шанса кога никој не веруваше во мене и благодарение на овој клуб денеска сум тоа што сум.

Навивачите и клубот секогаш ми пружат поддршка и навистина се чувствувам како дома. Од друга страна во Манчестер го поминав своето детство и тој клуб веќе има посебно место во мето срце. Сакам да успеам овде и ќе дадам се од себе за така да биде“, рече Погба.