До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед Пол Погба допрва треба да го покаже се она поради што е доведен на Олд Трафорд.
Не може да се рече дека Французинот блеска на почетокот на својата кариера во Јунајтед, но тоа е е во една рака разбирливо со оглед на огромниот притисок кој го носи на својот грб.
Погба во изјава за британските медиуми зборуваше за процесот на адаптација и откри дека сака да добие поофанзивна улога во тимот.
„Пробувам да се навикнам и да се прилагодам на новата средина и екипа. Тренерот ми даде инструкции, а јас се трудам да ги следам а тоа што искрено го сакам е да играм малку поофанзивно“, порача Погба.
Јунајтед Погба го плати повеќе од 100 милиони евра и го направи најскапо платен фудбалер на сите времиња.















