Погледнете кој ќе ги замени Озил и Санчез во Арсенал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Арсен Венгер пронајде замена за Алексис Санчез и Месут Озил, доколку тие одбијат да го продолжат договорот, а сега на мета на клубот од „Емитарти“ се Димитри Паје и Марко Ројс.

Ројс е означен како примарна цел на Арсенал во случај на заминување на барем еден од споменатиот тандем, пишува британскиот Телеграф.

Најдобриот фудбалер на Борусија Дортмунд има договор до 2019. година, но во 27. година доволно созреа за да се проба во Премиер лигата, а Арсенал изгледа како идеална средина за него поради карактеристиките.

Ништо помалку нереална цел е и играчот на Вест Хем, Димитри Паје, кој дури изјави дека би му било забавно да се пресели во некој од градските ривали, пред се поради стилот на игра на Арсенал.

Санчез и Озил имаат договор со Арсенал до 2018. година, во моментов имаат преговори за нов, но договорите се уште не се ни блиску.