Позната судбината на Славен Билиќ на клупата на Вест Хем


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По поразот од 5:1 од Арсенал многумина беа убедени дека работата на Славен Билиќ на клупата на Вест Хем ќе заврши. Некои англиски медиуми вчера пренесоја информација дека хрватскиот менаџер ќе има состанок со управата на клубот, но тоа не се случило.

Имено, Билиќ има целосна поддршка од сопственикот на клубот, а тоа го потврди и ко-сопственикот на Вест Хем, Дејвид Саливан.

„Нема збор за кризни состаноци, не е вистина. Како и секој понеделник имавме разговор на телефон. Вистина е дека сме загрижени за тоа како се одвиваат работите, но стоиме зад менаџерот“, изјави Саливан.

По 14 кола, Вест Хем е на 17. место со 12 бода. Во следното коло ги очекува гостување во Ливерпул.