Познато е каде Габијадини ќе ја продолжи кариерата?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот напаѓач Маноло Габијадини во јануарскиот преоден рок судејќи според се ќе ја напушти екипата на Наполи.

Веќе неколку недели се шпекулира дека Габијадини ќе го напушти Наполи, и веќе има неколку понуди на масата.

Италијанските медиуми пренесоа денеска дека неговиот агент потврди дека ќе го напушти Наполи, и откри каде може да ја продолжи својата кариера.

„Се ќе знаеме во наредната недела. Со Наполи преговараме сеуште за тоа дали ќе го пуштат да замине. Имаме неколку понуди и можам да ви речам дека ќе игра во Германија или во Англија доколку се одлучи да го напушти Наполи“, рече Силвио Паљиари.

Неговиот агент не откри кои клубови се заинтересирани за Габијадини, но се шпекулира дека во прашање се Волфсбург и Вест Хем.

Меѓутоа, работите околу неговиот трансфер ќе бидат познати во наредната недела.