„Полесно е да се вратиме против Јувентус, отколку против ПСЖ“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона се поразени во вторникот навечер на гостувањето кај Јувентус со 3:0 во рамките на мечот од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Тренерот на каталонската екипа Луис Енрике секогаш е оптимист и смета дека неговата екипа може да  се пласира во четвртфиналето, и покрај тешкиот пораз.

„Полесно е да се вратиме против Јувентус отколку против ПСЖ. Сепак, прво мораме да се вратиме на победничките стази против Сосиедад. Поразот од Јувентус навистина не погоди и сега анализираме каде погрешивме. Одигравме многу лошо прво полувреме, а во второто  бевме подобри од Јувентус и создадовме неколку добри шанси“, рече Енрике па продолжи:

„Знам дека Јувентус не прима многу голови, но се чини дека не е случај против силните екипи. Се сеќавам на натпреварот против Наполи и можам да кажам дека ние ќе ризикуваме бидејќи немаме што да загубиме. Ниедна моја одлука не беше погрешка, иако ја преземам целата одговорност за тоа што се случи во Торино. Можеби не објаснив доволно добро на играчие што сакам од нив, но ништо погрешно не направив“.

Да потсетиме, реванш дуелот меѓу Барселона и Јувентус се игра во наредната среда на од 20:45 часот на стадионот Ноу Камп.