Пол позиција за Розберг, Фетел ќе стартува последен


    Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


    На денешните квалификации за ГН на Сингапур победи возачот на Мерцедес, Нико Розберг.

    Продолжува доминацијата на возачите на Мерцедес. Германецот, Нико Розберг на утрешната трка во Сингапур ќе стартува од пол позиција. Возачот на Ред Бул, Даниел Рикиардо заврши втор, а Луис Хамилтон ќе стартува од третата позиција. Макс Ферстапен заврши четврт, Кими Раиконен пети.

    Возачите на Торо Росо, Сајнц и Квјат ќе стартуваат од шестата и седмата позиција. Нико Хулкенберг ќе стартува осми, Фернандо Алонсо девети, Серхио Перез десети.

    На денешните квалификации се посрамоти Себастијан Фетел кој ќе стартува од последната позиција на утрешната трка.