Пол Сколс откри која е разликата меѓу Мурињо и Ван Гал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Жозе Мурињо стигна во ова лето во Манчестер Јунајтед и внесе нов живот на клубот од Олд Трафорд.

Легендата на Црвените ѓаволи која учествуваше во најголемите успеси на клубот, Пол Сколс, веројатно е среќен бидејќи повеќе нема да мора да ги критикува игрите на својот поранешен клуб како стручен консултант на Скај Спортс.

Јунајтед помина низ тежок период во претходните три години со Дејвид Мојс и Луј Ван Гал, но се чини дека со Жозе Мурињо за клубот од Олд Трафорд стигнаа подобри денови.

Зборувајќи за Скај Спортс, поранешниот англиски репрезентативец ги пофали засилувањата на Мурињо „припремени за Премиер лигата“, и истакна дека Маркус Рашфорд има голема корист од Златан Ибрахимовиќ.

„Квалитетот на играчи кои Мурињо ги доведе е најголемата разлика“, рече 41-годишниот Сколс.

„Разликата е во тоа што Мурињо доведе веќе подготвени играчи. Тоа е она што беше потребно, играчи кои се подготвени за предизвиците во Премиер лигата“.

„Не беше вистински момент за Мурињо да ризикува“, рече тој.

Мојс и Ван Гал беа на мета на бројни критики поради засилувањата кои ги доведуваа, поготово холандскиот стручнак. За воља на вистината, Мурињо тешко можеше да направи полоши потези.

„Јунајтед секогаш го имаше тој самоуверен тип на играч, со победнички став“, додаде Сколс.

„Каде и да играше, Ибрахимовиќ ја освојуваше лигата. Погба со Јувентус беше блиску до титулата во Лигата на шампионите, а мислам дека и ја освојуваше титулата во лигите секоја година“, рече легендарниот играч за врска на Јунајтед и Гордиот Албион.