Поповиќ е последното засилување на соколите пред суперлигата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Искусниот српски интернационалец Марко Поповиќ  е последното засилување за Карпош Соколи пред стартот на Суперлигата, откако денес на последниот ден од преодниот рок потпиша договор до крајот на сезоната.

Станува збор за плејмејкер кој треба да им помогне на Кендрик Пери и на Доминик Мавра во организација на нападите на соколите во обидот да се оствари уште еден историски успех, освојување на првата шампионска титула. Претходно соколите го освоија купот на Македонија кој што се одржуваше во Кавадарци.

Поповиќ професионалната кариера ја почна во 2000-та година во дресот на Застава од Крагуевац, а досега има настапувано за голем број клубови меѓу кои се и грчка Олимпија Лариса, шпанска Мурчија, словенечки Златорог, грузиски Динамо Тбилиси и полски Старт Лублин. На српската кошаркарска сцена успешно има играно за екипите на Ергоном Ниш, Слога Краљево, Војводина, Напредак Крушевац, Смедерево 1953.