Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Понекогаш работите не се секогаш онакви какви што се очекуваат. А еден од најголемите примери за оваа теза е Квеми Браун, првиот пик од НБА драфтот во 2001 година.
Квеми Браун беше дел од НБА полни 12 години, но не затоа што беше исклучително талентиран туку само затоа што бр. 1 пик на драфтот и очекувањата за него секогаш беа големи.
Во интервју за еден блог од Филаделфија, тој го обвини токму медицинскиот тим на Филаделфија Сиксерс за неуспехот во неговата кариера.
“Додека играв за Сиксерси имав тешка повреда настаната од тоа што мускулот се истегна до тој степен што ми ја напукна коската во ногата. Нивниот медицински тим упорно пробуваше да ме лечи, но со погрешна дијагноза. Ме убедуваа дека сум го истегнал мускулот а јас впрочем имав скршеница. Ми ставаа мраз на ногата наместо да ме однесат на операција за да ја вратиме коската на место.” – изјави Браун за Liberty Ballers Blog.
Во моментот кога тој стигна во Филаделфија веќе беше 2012 година и сите го имаа прогласено за огромен промашај од драфтот. Тоа што тој мисли дека неговата кариера била загрозена од оваа повреда или пак од тимот на Сиксерси само кажува колку на Квеми Браун му фали самосвест и реалност при проценката на неговиот кошаркарски талент.