Поранешната ѕвезда на Реал Мадрид ќе го засили Челси?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Екипата на Челси би можела сериозно да се засили следното лето.

Имено, нивниот менаџер Антонио Конте има намера да го донесе аргентинскиот репрезентативец, Анхел Ди Марија од ПСЖ.

Ди Марија не игра толку добро откако пристигна во Париз, па се повеќе се споменува со заминување од клубот. Тој веќе се обиде во Премиер лигата и тоа во дресот на Манчестер Јунајтед, но тука остана само една година.

За сега не е познато колку Челси ќе му понуди на овој одличен играч од средниот ред, но јасно е дека ПСЖ нема да се согласи на понуда што е помала од 50 милиони евра.