Поранешниот менаџер на Реал ќе го замени Билиќ во Вест Хем, Атлетико пронајде замена за Симеоне од Премиер лигата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вест Хем има подготвено замена за Славен Билиќ. Поранешниот хрватски селектор има катастрофална сезона во англискиот премиерлигаш, неговата екипа се наоѓа на 18. место во Преиер лигата.

Иако има поддршка од споствениците, „Daily Mirror“ тврди дека веќе има замена за него, а станува збор за сегашниот менаџер на Њукас, Рафаел Бенитез.

Истиот извор тврди дека и Атлетико веќе ја знае замената за Диего Симеоне. Аргентинецот речиси сигурно ќе го напушти Мадрид во 2018. година, а желбата е да го наследи менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино.

Симеоне најверојатно ќе се врати во Италија, на клупата на Интер.