Порто продава тројца играчи за преку 100 милиони евра!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    На „Драгао“ е склопен планот како да се дојде до големи пари, пренесуваат португалските медиуми.

    Порто е еден од симболите на добрата работа, ако се земе како параметар принципот “купи евтино, продај скапо“, а судејќи според се тоа ќе биде продолжено.

    Голем прилив на пари треба да стигнат од три „златни кокошки“.

    Тоа се Јачин Браими, Бруно Мартинс Инди и Винсент Абубакар.

    „Змајевите“ сметаат дека од продажбсата на овие тројца во наредното лето ќе инкасираат 115 милиони евра.

    Инаку, Абубакар во оваа сезона игра на позајмица во Бешикташ со право на откуп, Мартинс – Инди е позајмен на Стоук под слични услови, додека Браими остана на Драгао.

    Не е откриено каде Алжирецот може да ја продолжи кариерата во наредната сезона, но со оглед дека се во игра големи пари, тоа најверојатно ќе биде некој од англиските премиерлигаши.

    Дополнително и тоа дека Бешикташ плаќа едногодишна позајмица за напаѓачот од Камерун 10.5 милиони евра, а Стоук за холандскиот репрезентативец 10 милиони евра.