Посебниот – Не сум најдобар во светот

Тренерот на украинската Зорја, Јуриј Вернидуб го нарече Жозе Мурињо најдобар во светот.

Кога слушна за ова Мурињо се заблагодари, но изјави дека најдобар на светот не постои.

„Убаво е да слушнеш дека ме смета за најдобар во светот, но не сметам дека е во право. Не постои најдобар тренер на светот. Се сложувам со наградата за најдобриот во сезоната, но во светот најдобар нема“, изјави Мурињо.

Утре Манчестер Јунајтед игра против Зорја во Украина.