После Будуќност падна и Цедевита – Соколите го прегазија хрватскиот клуб


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Кошаркарите на Карпош Соколи на домашен паркет со 89:81 против Цедевита во натпревар од единаесетото коло од АБА лигата.

    Одлично го отворија натпреварот соколите, 5:1. Следуваше водство од тринаесет поени на соколите, 22:9. Првата четвртина кошаркарите на Карпош Соколи ја добија со 25:12. Домашните во втората четвртина стигнаа до шеснаесет поени предност, 36:20. На полувреме соколите заминаа со предност од единаесет поени, 45:34. Во третата четвртина ја видовме и најголемата предност на натпреварот, седумнаесет поени, 51:34. Гостите од Хрватска успеаа да намалат на девет поени предност, 61:52, но во последните десет минути од натпреварот се влезе со резултат 66:54. Кошаркарите на Цедевита ја намалуваа пополека предноста на соколите и минута пред крајот на натпреварот соколите имаа предност од два поени, 77:75. Соколите на крајот славеа со 89:81 за втора победа оваа сезона во АБА.

     

    Зековиќ со 23 поени го предводеше Карпош Соколи до победа на денешниот натпревар. Вркиќ додаде 19, Лабовиќ 16, Мавра 15 поени. Ботрејт со 23 поени беше најефикасен во тимот на Цедевита.

    Карпош Соколи во следното коло му гостува на Задар, а Цедевита ќе игра против македонскиот шампион, МЗТ Скопје на домашен паркет.