После два порази следуваше победа за Интер, Карабах и Муарем до прва победа, Гент петардиран од Шахтјор


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Во терминот од 19:00 часот се одиграа 12 натпревари од третото коло од групната фаза во ЛЕ.

    Селта Виго се спаси од пораз на домашен терен од Ајакс, 2:2. Орељана во 82-ра минута му донесе бод на клубот од Виго. Резервата Пулкраб со погодокот за победа против Хапоел Бер Шева ја искачи Спарта Прага на лидерската позиција во групата. Интер конечно стигна до победа во ЛЕ. Кандрева беше стрелец на единствениот погодок во минималната победа на нероазурите против Саутемптон. Турски Коњаспор го запиша првиот бод со тоа што одигра 1:1 против Брага. Конопљанка ја продолжи серијата на победи на Шалке во ЛЕ. Украинецот постигна погодок во 11-та минута против Краснодар. Фиорентина лесно го совлада Либерец на гости со 1:3. Калиниќ и Бабакар го средија чешкиот клуб.

    Виљареал успеа да стигне до бод после негативата од 2 погодоци против Османлиспор, 2:2. Боре промаши пенал за шпанскиот клуб, а НДиаје и Пато погодија за освоениот тежок бод. Карабах на Муарем стигна до првата победа во ЛЕ. Азербејџанскиот клуб го совлада Паок со 2:0. Македонскиот фудбалер, Муарем Муарем беше заменет во 92-ра минута. Плеа му ја донесе првата победа на Ница во ЛЕ. Францускиот клуб славеше минимално против Салзбург. Шахтјор пукна петарда против Гент, 5:0. Стандард Лиеж истото го направи како и Виљареал и запиша нов бод. Романска Стеауа на домашен терен не го задржа до крајот на натпреварот водството. Фудбалерите на Цирих постигнаа погодок на четири минути до крајот на натпреварот за заминување со бод од Романија, 1:1.