Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Депортиво Ла Коруња на Риазор ја победија Барселона во натпревар од 27-мо коло во Ла Лига, 2:1.
Пет минути пред крајот на првото полувреме Хоселу му донесе водство на Депортиво.
Само што почна второто полувреме, Суарез го израмни резултатот. Суарез имаше да направи пресврт, но голманот го одбрани неговиот удар.
Хоселу испрати фантастичен удар, но и Тер Штеген фантастично реагираше. После изведен корнер во 74-та минута Бергантинос со глава погоди за 2:1.
Суарез и Меси се заканија по голот на Депортиво, но Лукс ги запре и двата удари. Тер Штеген во финишот му одбрани зицер на фудбалерот на Депортиво, но на крајот клубот од Галиција се радуваше, 2:1.
Барселона ќе остане на лидерската позиција со 2 бода повеќе од Реал Мадрид кој е втор и има два натпревари помалку од каталонците.