До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
После неуспехот да го придобијат Хамес Родригез, Нероаѕурите се свртија на еден од најдобрите аргентински фудбалери.
Не баш доверливниот Мирор пишува во денешното издание дека Интер спрема терен за доведување на Анхел Ди Марија.
„Ел Фидео“ е план Б бидејќи обидот да се доведе Хамес Родригез од Реал Мадрид пропадна.
Доста се шушка дека Ди Марија е незадоволен на Паркот на Принцевите и дека веќе во јануари може да ја промени средината.
„Светците“ нема да го пуштат за помалку од 50 милиони евра, ќе видиме дали некој ќе влезе во клинч со Интер.















