„Постигнавме нешто, Лацио ова го заслужи“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Симоне Инзаги ги пофали своите играчи после што екипата на Лацио ја елиминира Рома од Купот на Италија.

„Утре ќе биде најсреќен роденден во мојот живот“, рече тренерот на Лацио после пласманот на неговата екипа во финалето на Купот на Италија, и покрај поразот на неговата екипа од Рома со резултат 3:2.

„Знам дека постигнавме нешто исклучително, затоа што знаеме што значеше овој натпревар. Се чинеше дека ние сме домаќини, а не Рома, а навивачите беа фантастични“.

„Бевме опасни од контри, иако на полувреме бев разочаран од примениот гол. Но сите кои играа дадоа одличен придонес“, рече италијанскиот стручнак.

„Не забораваме дека Лацио ги елиминираше Џенова, Интер и Рома, момците ги заслужуваат сите пофалби. Четирите полуфиналисти на Купот се најдобри екипи во Серија А, мислам дека тоа многу зборува. Секогаш имам доверба во играчите“, рече за крај Инзаги.

Ова ќе биде трето финале на Купот на Италија за Лацио во последните пет сезони.